Што е Фискален Монитор

Фискален монитор е веб страна која ќе им овозможи на граѓаните лесен пристап до податоците за буџетите на најголемите општини во Македонија. На оваа страна ќе бидат претставени и анализирани нивните буџетски приходи и расходи со цел да се поттикнат дискусии за начинот на трошењето на парите на граѓаните.

Покрај едноставниот начин на прикажување на главните ставки од буџетските приходи и расходи во последните пет години, на Фискален монитор ќе може лесно да се споредат поединечните приходи и расходи помеѓу различните општини.

Исто така, овде ќе може да се споредат расходите на општините по глава на жител и да се види рангирање на најголемите општини според тоа колку трошат за плати, социјални бенефиции, капитални расходи итн.

Нашата цел е да влијаеме кај претставниците на локалните власти за да го подобриме нивното разбирање на потребите на граѓаните за поотчетна власт, со што ќе се унапредат не само стандардите на одговорно владеење, туку и ќе се поттикне повисок демократски капацитет како на власта на локално, така и на централно ниво.

Најново на блогот

Општина Велес го намали буџетот за 4,4 проценти
Ребаланси на општинските буџети во 2012
Почна постапка за ребаланс на буџетот на Општина Штип
Општина Прилеп го намали буџетот за 2 отсто