Кои сме ние

Историја
Форум-ЦСИД е водечка македонска невладина организација којашто е посветена на истражување на стратегиските аспекти и политички решенија на актуелни и иновативни национални, регионални и европски прашања. Од 1997 г., Центарот има значајна улога во зајакнување на улогата на цивилниот сектор и зголемување на неговото влијание во формирањето на националните политики и креирањето на политики насочени кон постигнување на неопходните стандарди за Евро-атланската интеграција на земјава. Освен тоа, Центарот нуди поддршка на заедниците, олеснувајќи ги реформите во различни области на јавните служби.

Мрежа на експерти
Со десеттина вработени и повеќе постојани надворешни соработници, Форум-ЦСИД успева да има огромно влијание како катализатор во некои од клучните политички државни и регионални процеси, доведувајќи ги на едно место и користејќи ги вештините на широка мрежа на експерти-специјалисти во креирање на политики, не/владини преставници, регионални и меѓународни политичари, новинари и академски претставници. Центарот гледа на настаните неколку години однапред, со амбиција да ги толкува идните случувања за да може да влијае во креирањето на современите геополитички, политички, економски, безбедносни и социјални прашања, како и применетите политики. На тој начин, Центарот цели да развие идеи за во иднина, чие остварување ќе биде можно како од политички, така и од економски план.

Останување ефективни
Форум-ЦСИД успева да има широко влијание, затоа што е независна и непристрасна организација, чиј став е секогаш критичен, без разлика на моментната политичка структура. Центарот е непрофитна организација, којашто во целост се потпира врз грантови и донации од билатерални и мултилатерални донатори, фондации, компании и други организации, што ги препознаваат резултатите од она што го прави Центарот во насока на менување на идеите и настаните.

Поврзување
Секогаш имајќи ја предвид регионалната димензија како поле на дејствување, Форум-ЦСИД непрекинато работи на поврзување со други тинк-тенк организации и институции од Балканот. Од 2006, тој е еден од основачите на првата мрежа од 8 тинк-тенк организации во Македонија “Тинк-тенк мрежа - Македонија”, како платформа за зајакнување на целите и визијата на Република Македонија.