Закони

Закон за буџетите


Скратена верзија

Содржина на Законот


Со овој закон се уредуваат постапката за изготвување, донесување, извршување на Буџетот на Република Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа (општините) и на градот Скопје и известување за извршување на истите. Постапката за изготвување, донесување и извршување на Буџетот на Република Македонија и буџетите на општините, како и известувањето за извршување на истите се заснова на начелата на транспарентност, одговорност, законитост, економичност, ефикасност и ефективност. Одредбите на друг закон во врска со остварувањето на приходите и
другите приливи, расходите и другите одливи во буџетот, треба да бидат во согласност со овој закон.
Буџетот на Република Македонија и буџетите на општините се однесуваат за период од една фискална година која изнесува 12 месеца и започнува од 1 јануари, а завршува на 31 декември.
(1) Планираните приходи и другите приливи се основа за утврдување на
одобрените средства со буџетот.
(2) Планираните приходи и другите приливи се приходите и другите приливи на основниот буџет, приходите на буџетот на самофинансирачките активности, приходите на буџетот на донации, приходите на буџетот на заеми и приходите и другите приливи на буџетите на фондовите и на општините.
(1) Буџетите ги содржат одобрените средства по буџетски корисници и утврдени намени кои се однесуваат на финансирање на тековните, капиталните и другите расходи на буџетските корисници и нивните единки корисници за извршување на активностите претставени преку програми и потпрограми.
(2) Буџетските корисници не смеат да преземаат обврски или да направат расходи над одобрените средства со Буџетот на Република Македонија и буџетот на општината.
(3) Неискористените одобрени средства со буџетот престануваат да важат на 31 декември во тековната фискална година.
Министерството за финансии е надлежно за управување со средствата добиени од Буџетот на Европската унија, согласно со одредбите и правилата на Европската унија за финансирање и склучување на договори.
(1) Средствата од структурните и кохезиони фондови на Европската унија, како и соодветни помошти и програми на Европската унија се составен дел на буџетите и се прикажуваат одделно преку планови на приходи и одобрени средства по програми и потпрограми.
(2) Одобрените средства од основниот буџет наменети за кофинансирање се прикажуваат во буџетот преку соодветна програма, односно потпрограма.
(3) Средствата од ставот (2) на овој член се долгорочна финансиска обврска на Република Македонија, односно на општината и се користат за време на траењето на проектот.
(1) Во буџетите се утврдуваат и долгорочните права за трошење во наредните фискални години.
(2) Износот на потребните средства за долгорочните права на трошење се утврдува врз основа на преземените обврски по основа на склучени договори, преземени обврски по основа на кофинансирање, договори за задолжување, одлуки за емисии на државни хартии од вредност и обврски по однос на стекнато членство на Република Македонија во меѓународни финансиски институции.

(1) Во рамките на централниот буџет, односно на буџетот на општината се планираат средства за непредвидени случаи како постојана и тековна буџетска резерва.
(2) Планираните средства за непредвидени случаи се наменети за покривање на расходи во случај на виша сила, елементарни непогоди и други непредвидени случаи, како и за програми кои во текот на подготовката на буџетите не можеле да бидат планирани.
(3) Постојаната и тековната буџетска резерва не можат да надминат 3% од вкупните тековни расходи на буџетот.

Задолжување. Критериумите, начинот, условите, ограничувањата и постапката за задолжување се утврдуваат согласно со закон.
Буџетски класификации. Буџетските класификации се користат за идентификување на специфичните намени на буџетските средства, за контрола на наменското користење на одобрените средства со буџетот при извршувањето на буџетот и за изготвување на потребните анализи, извештаи и годишната сметка.

II. ПОДГОТОВКА НА БУЏЕТИТЕ

Основа за подготвување на буџетите. Основа за подготвување на буџетите се стратешките приоритети на Владата на Република Македонија, Фискалната стратегија, предлогот на стратешките планови на буџетските корисници и буџетската политика, како и приоритетите на општините. Министерот за финансии е одговорен за подготвување на Буџетот на Република Македонија и за неговото доставување до Владата на Република Македонија. Градоначалникот е одговорен за подготвување на буџетот на општината и за неговото доставување до советот на општината.

Стратешки приоритети на Владата. Владата на Република Македонија ги утврдува стратешките приоритети за наредната година, најдоцна до 15 април во тековната година. Стратешките приоритети на Владата на Република Македонија како збир на цели и иницијативи, буџетските корисници на централната власт и фондовите, задолжително ги вклучуваат во своите буџети преку владини програми и потпрограми. Буџетските корисници изготвуваат тригодишен стратешки план во кој
се содржани програми и активности за остварување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија, како и целите и приоритетите на буџетскиот корисник за тој период. Врз основа на усвоената Фискална стратегија и утврдените максимални износи на одобрени средства, Министерството за финансии најдоцна до 15 јуни, до носителите на функционалната област и на фондовите, доставува инструкции во форма на Буџетски циркулар.

Буџетски циркулар за општините. Буџетскиот циркулар на општините ги содржи следниве елементи:
- информациите за тековните и проценетите макроекономски индикатори во Република Македонија,
- информацијата за процена на приходите во буџетската година кои се распределуваат меѓу Буџетот на Република Македонија и општините,
- стратешките приоритети на Владата на Република Македонија,
- посебните параметри кои ќе се користат за распределување на одобрениот удел од приходите од ДДВ на општините и
- информациите за одлуките на Владата на Република Македонија за наменски дотации, блок дотации и други дотации за општините утврдени со закон.
Собранието на Република Македонија или Владата на Република Македонија, доколку по донесувањето на буџетите на општините донесе прописи и други акти кои предизвикуваат дополнителни фискални импликации врз буџетите на општините, во истите задолжително се наведува изворот за финансирање.

III. ДОНЕСУВАЊЕ НА БУЏЕТИТЕ
Предлог на буџетот на Република Македонија

Министерството за финансии доставува предлог на буџетот на Република Македонија до Владата на усвојување најдоцна до 1 ноември во тековната година.
Предлогот на буџетот на Република Македонија содржи:
- резиме на макроекономските индикатори, економските политики (вклучувајќи ја политиката за јавни инвестиции),
- резиме на програмите на Владата вклучени во буџетот,
- резиме на програмите на буџетските корисници вклучени во буџетот,
- резиме на предлогот на буџетот по функционална класификација, економска класификација и по програми на Владата,
- предложен план на приходи и други приливи и одобрени средства за буџетските корисници од прва линија по ставки, програми и потпрограми и по буџети, односно извори на финансирање,
- среднорочна буџетска рамка вклучувајќи ги планираните приходи и други приливи и очекуваните одобрени средства, по функционалните области на централниот буџет и на фондовите,
- среднорочните преземени обврски по основа на кофинансирање, за програмите на Владата со прикажување на преземените обврски за буџетското учество за активностите кои се финансираат од донации и заеми,
- податоци за капиталните инвестициони проекти по програми,
- податоци за ненамирениот долг на почетокот и на крајот од годината, вклучувајќи го новиот долг и планираната отплата на истиот и
- други потребни податоци.
Владата предлогот на буџетот на Република Македонија го доставува до Собранието на Република Македонија најдоцна до 15 ноември во тековната година.
Собранието на Република Македонија не може да го разгледува предлогот на буџетот на Република Македонија пред да поминат 20 дена од денот кога истиот бил доставен до Собранието на Република Македонија.
Собранието на Република Македонија го донесува Буџетот на Република Македонија најдоцна до 31 декември. Министерот за финансии го презентира предлогот на буџетот на Република Македонија во Собранието на Република Македонија.
Во постапката на донесување на Буџетот на Република Македонија, секое зголемување на предложените одобрени средства мора да биде проследено со соодветно намалување на други предложени одобрени средства. Резервата во предлогот на буџетот не може да се намали со цел за зголемување на друга ставка на одобрени средства.

Донесување на буџетите на општините. Содржината и постапката за донесување на буџетите на општините е пропишана со закон.

УПРАВУВАЊЕ СО БУЏЕТИТЕ
Флексибилност на буџетите

Министерството за финансии води евиденција на одобрените средства со Буџетот на Република Македонија и со буџетите на општините во Трезорската главна книга.
Буџетските корисници во тековната фискална година можат да вршат пренамена во рамките на одобрените буџети. Пренамената од ставот (2) на овој член за буџетските корисници од централната власт и за фондовите ја одобрува Министерството за
финансии, а за општините ја одобрува советот на општината. Пренамените
кои се однесуваат на владините програми и потпрограми ги одобрува Владата на Република Македонија. За пренамени меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите одлучува Собранието на Република Македонија.
Буџетските корисници од централната власт и фондовите, барањата за намалување ги доставуваат до Министерството за финансии, а за општините, градоначалникот доставува барање за намалување до советот на општината.
Доколку отстапувањето од планот на приходите и другите приливи е повисоко од 5%, на предлог на Министерството за финансии, Владата на Република Македонија до Собранието на Република Македонија доставува измени и дополнувања на Буџетот на Република Македонија (ребаланс на буџетот), односно градоначалникот доставува измени и дополнувања на буџетот на општината до советот на општината.

ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТИТЕ

Извршувањето на буџетите опфаќа наплата и евидентирање на приходи и други приливи во согласност со планот на приходи, како и извршување на плаќања во согласност со одобрените средства.
При извршување на буџетот потребно е ефективно и ефикасно да се
исполнат целите на буџетската програма преку транспарентни процедури.
Ефективноста е остварување на поставените цели во согласност со буџетот во предвидените рокови, а ефикасноста е остварување на истите со користење на минимален износ на средства. Наплатата на приходите и другите приливи се врши согласно со закон.

Сметки на буџетските корисници и единките корисници

За управување со финансиските средства на Буџетот на Република Македонија, буџетите на општините, како и за сите други финансиски средства на државата, Министерството за финансии отвора Трезорска сметка во Народната банка на Република Македонија. Министерството за финансии покрај Трезорската сметка може да отвори и други сметки кај носител на платен промет за одделни финансиски средства за кои е потребно посебно оперативно извршување и следење.
За девизните средства од донаторите и за другите девизни средства кои ги поддржуваат активностите на буџетските корисници и единките корисници истите отвораат девизни сметки во Народната банка на Република Македонија по претходна согласност од Министерството за финансии.

Одговорност за наменско користење на одобрените средства. Буџетските корисници и единките корисници се должни средствата да ги користат наменски и не смеат да преземаат обврски над лимитот на одобрени средства со буџетот.

Преземање на обврски за наредни години. Во случај на преземање на обврски од страна на буџетските корисници и единките корисници, за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредни години, буџетските корисници претходно мора да обезбедат согласност.
Буџетските корисници и единките корисници од централната власт согласноста ја обезбедуваат од Министерството за финансии, а буџетските корисници и единките корисници на фондовите и општините согласноста ја обезбедуваат од надлежниот орган.

Користење на резервите. За користење на средствата од резервите од членот 11 на овој закон одлучува Владата на Република Македонија, односно советот на
општината. Градоначалникот на општината му поднесува на советот на општината
годишен извештај за користењето на средствата од резервите. Буџетските корисници на средства од буџетите на општините можат да вработуваат нови работници и да пополнуваат испразнети работни места само под услов, ако за тоа се обезбедени средства во буџетите на општините. Притоа ќе се почитува принципот на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во општината. Министерството за финансии, односно градоначалникот на општината се должни во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето за вработување, писмено да ги извести институциите за обезбедени средства за вработување. За обезбедените средства за вработување на државни службеници Министерството за финансии, односно градоначалникот на општината ќе даде писмено известување по претходно дадено позитивно мислење од
Агенцијата за државни службеници на актите за систематизација.

ЗАВРШНА СМЕТКА НА БУЏЕТИТЕ

Министерот за финансии најдоцна до 31 мај до Владата на Република Македонија ја доставува завршната сметка на Буџетот на Република Македонија на која претходно е извршена ревизија од Државниот завод за ревизија, како и извештајот на овластениот државен ревизор заедно со коментарите на Министерството за финансии. Кон завршната сметка на Буџетот на Република Македонија се приложуваат и завршните сметки на буџетите на општините.
По утврдувањето на завршната сметка од страна на Владата на Република Македонија, истата се доставува за разгледување и донесување до Собранието на Република Македонија најдоцна до 30 јуни. Завршната сметка на буџетите на општините се донесува согласно со закон.

ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА БУЏЕТИТЕ

Полугодишен извештај за извршувањето на буџетот

Извештаите за извршувањето на Буџетот на Република Македонија се објавуваат на веб страницата на Министерството за финансии на месечна основа.
Министерот за финансии најдоцна до 31 јули во фискалната година
доставува до Владата извештај за извршувањето на Буџетот на Република
Македонија за првите шест месеца. Кон извештајот за извршувањето на Буџетот се приложува ажуриран извештај за макроекономските индикатори и проектираните приходи, преземени обврски и расходи за буџетската година.
Извештајот за извршувањето на Буџетот се објавува на веб страницата на Министерството за финансии.
Извештајот за извршувањето на буџетот на општината се подготвува согласно со закон.

Буџетот на општината и завршната сметка на буџетот на општината се објавуваат во службеното гласило на општината. Буџетските корисници и единките корисници се должни да водат сметководство и да вршат внатрешна ревизија согласно со закон.

КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

Раководителот на буџетскиот корисник ќе се казни за прекршок со парична казна од 20.000 до 50.000 денари доколку:
1) буџетскиот корисник предлагач на пропис и друг акт нереално ги прикаже дополнителните фискални импликации врз Буџетот на Република Македонија;
2) не го извести Министерството за финансии за висината на донацијата, износите кои ќе се користат во тековната и наредните фискални години и на месечна основа не доставува податоци за користење на средствата од донациите;
3) отвора сметки надвор од Трезорската сметка;
4) не ги наплатува приходите од вршење на својата надлежност/дејност и
истите не ги уплатува на соодветните сметки во рамките на Трезорската сметка;
5) буџетскиот корисник не врши контрола на единките корисници согласно од овој закон;
6) не ги пријавува преземените обврски заради нивно евидентирање во единствената база на податоци за преземени обврски во Трезорот;
7) средствата ги користи ненаменски и преземе обврски над лимитот на одобрени средства со Буџетот и
8) преземе обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во некоја наредна година или години, без претходна согласност
Со парична казна од 250.000 до 300.000 денари ќе се казни носител на платен промет, ако отвори сметки или прифати депонирање на средства на буџетски корисник или единка корисник. *

*Превземено од Сл.Весник на Р.Македонија бр.64 од 03.08.2005 година

Целиот закон можете да го прочитатe тука.