НСДП: Општината потроши 12 милиони евра, а не успеа да реализира позначаен проект

За четири години општината потрошила 12 милиони евра од буџетот, а не успеала да реализира ниту еден значаен проект со кој ќе го подобри животот на штипјани.
Единствен проект на кој што се работи во моментот е реконструкцијата на Градскиот плоштад и платформите на река Отиња. Но, за нив Општината не издвои пари од буџетот, туку се задолжи во Светска банка, истакна претседателот на НСДП, Димитар Ефремов, на денешната прес конференција.
Тој посочи дека во моментов актуелни биле каскадните брани на река Брегалница, но останува нејасно од каде Општината ќе изнајде пари, за да ги изгради.
Проектот за каскади на река Брегалница, градоначалникот Зоран Алексов го најави на почетокот на својот мандат.

Извор: ТВ Ирис – Штип, 06.07.2012

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.