Децентрaлизација и финансирање на општините

Суштината на децентрализацијата е дека локалната власт треба да има овластување и одговорност за сопствено финансирање на локалните потреби на граѓаните. Во принцип, тоа значи за да се обезбеди целосна фискална автономија потребно е да локалната власт има право да ги утврдува и менува даночните стапки и даночните основици.
Ова право во многу ограничен степен им се дава на општините со веќе изготвените и прифатени од владата закони кои традиционално обезбедуваат приходи за општините и тоа: Законот за даноци на имот, Законот за комунални такси и Законот за административни такси.
Основен е се разбира Законот за даноци на имот кој во себе ги инкорпорира данокот на имот, данокот на наследство и подарок, и данокот на промет со недвижности.
Но, едно од клучните прашања е начинот на менаџирањето со овие нови надлежности кои им се препуштаат на општинските администрации. Имаат ли капацитет општините да се справат со администрирање на даночните приходи, кога и на централно ниво на дело гледаме една бледа, неорганизирана, некоординирана, корумпирана, технички и кадровски неопремена и под политички влијанија Управа за јавни приходи. Ако таа на централно ниво не функционира како што треба, како ли функционираат локалните власти кои допрва се сретнуваат со прашањата за утврдување на даночните основици врз основа на пазарната вредност на недвижниот имот. Дали можe да се избегне замката на корумпираност и дискрециони одлучувања?

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.