Граѓаните и фискалната политика на општините

Со систематско едногодишно истражување кое Форум-ЦСРД (www.forum-csrd.org.mk) го направи минатата година во 84 општини во Република Македонија и градот Скопје се покажа дека граѓаните најмалку и најлошо се информирани за фискалната политика на општините. Односно за формирање и трошење на буџетските пари – парите на граѓаните. Според анкетата граѓаните во голем број општини немаат или имаат сосема мало влијание врз донесување на одлуките и одредување на приоритетите при трошењето на буџетот. Од анкетирани скоро илјада граѓани над 80 проценти одговориле дека незнаат колкав е буџетот на нивната општина и колку средства се потрошени за одредени активности.

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.