Стартува проектот „Форуми во заедницата“. Жителите за Аеродром од утре почнуваат со кроење на буџетот на општината

Од 19.9.2012 година (среда), со почеток во 13:00 часот во ОУ „Љубен Лапе” ќе се одржи првата средба во рамки на проектот „Форуми во заедницата”, на која граѓаните ќе дискутираат за теми што се важни за нивното секојдневие и ги одразуваат нивните економски и социјални интереси.

Се очекува до крајот на годинава да се одржат пет форумски сесии, на кои конкретно ќе се разговара за приходите и расходите на Општината, за начинот како се донесува буџетот, а секако граѓаните ќе можат да даваат и свои предлози за работата на секторите, односно на што да се трошат буџетските средства.

Вкупниот буџет, кој е наменет за овој форум изнесува 4,8 милиони денари, средства кои по половина ги издвоија Општина Аеродром и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Проектот „Форуми во заедницата” се реализира со цел да се поддржи процесот на децентрализација, да им се овозможи на граѓаните активно учество во развојот на локалната заедница и воедно претставува модел за нивно вклучување во донесувањето одлуки на локално ниво.

Извор: www.aerodrom.gov.mk

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.