Извори на финасирање на општините

Според Закон за финасирање на единиците на локана самоуправа извори на финасирање на општините се:

Сопствени извори на приходи, дотации од средства од буџет на Република Македонија и од буџетите на фондовите.

Сопствени извори на приходи се:

  1. Локални даноци, утврдени со закон (данок на имот, данок на наследство и подарок утврден со закон, данок на промет на недвижнопсти и други даноци утврдени со закон).
  2. Локални такси, утврдени со закон (комунални такси, административни такси и други локални такси, утврдени со закон.
  3. Локални надоместоци, утврдени со закон (надоместоци за уредување на градежно земјиште, надоместоци за комунална дејност, надоместоци од просторни и урбанистички планови и други локални надоместоци, утврдени со закон.
  4. Приходи од сопственост (приходи од закупнина, приходи од камати и приходи од продажба на имот.
  5. Приходи од донации.
  6. Приходи од парични казни, утврдени со закон.
  7. Приходи од самопридонес.
  8. Други приходи утврдени со закон.

Покрај ова општините имаат приход од персонален данок, наплатен во тековната година и тоа 3 % персоналниот данок на доход од лични примања на плати од физички лица, наплатенб во општината во која тие се пријавени со постојано живеалиште, како и 100% од данок на доход од физички лица кои се занимаваат со занаетчиска дејност. Општините имаат и 3% од данок на додадена вредност остварен во предходна фискална година.

Општините можат да воведат и самопридонес преку референдум, утврден со одлука на советот на општината, добиваат и дотации од централен буџет, како што се: наменски, капитални, блок-дотации и дотации заделегирани надлежности.

*Извор: Закон за финасирање на единиците на локалната самоуправа

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.