Наместени тендери во Охрид

Сектор за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 11 лица вработени во локалната самоуправа одговорни за спроведување на тендерска постапка, надзор и контрола на квалитет на изведените работи. Тие се сомничат дека  во текот на 2008, 2009 и 2010 година  со злоупотреба на службена должност, пропуштање на должен надзор го оштетиле буџетот на  општината и на повластената фиорма и овозможилче  против-правно да заработи од буџетските пари на општината 4.937.032 денари.
Непосредно по ова партијата ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање до Антикорупциска комисија да го спречи непотизмот во општината Охрид и изборот на Претседател на Комисијата за јавни набавки во вредност од  150 милиони денари бидејки е брат на актуелниот Градоначалник.

*Извор OhridNews (www.OhridNews.com.mk)

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.