Општина Аеродром ги модернизира основните училишта

Општина Аеродром издвои околу 17 милиони денари, средства од Буџетот на Општината реновирање на основно училиште „Љубен Лапе“.
Реконструкцијата се состои од замена на азбесниот покрив со ребрест лим, прозорците и санитарните јазли во училиштето.
Реконструкцијата на училиштето ја вршеше фирмата „Изградба комерц“.
Се очекува пред почетокот на учебната година комплетно нов изглед да добијат и другите основни училишта, така што учениците ќе седнат во реновирани училишта со нови покриви и подови, нова водоводна инсталација и санитарни јазли.
Проектот за целосна модернизација на училиштата чини околу 1,5 милиони евра од Буџетот на Општина Аеродром.

Извор: aerodrom.gov.mk

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.