Општина Центар ќе позајми 3 милиони евра за нова катна гаража

Општина Центар планира да земе заем во висина од 3 милиони евра кој ќе го троши за катна гаража кај „Нова Македонија“. Со тоа, задолжувањето на општинарите кај банките ќе стаса до 5,5 милиони евра. Неодамна, за истата намена, за наменскиот објект што се гради кај МТВ, Општината се задолжи со 2,5 милиони евра. И во овој случај таа планира дел од заемот да го врати од парите што ќе ги прибере од продажба на паркиралиштата и деловниот простор во објектите.

Досега иако требаше да се одржат две лицитации за продажба на просторот во објектот што се гради кај МТВ, сепак, не се продаде ниту квадрат, што значи дека на општинската сметка нема ниту денар од планираниот извор за прибирање дополнителни средства кои би се употребиле за исплата на ратите од кредитот.

Извор: Утрински весник, 11.06.2012

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности, Други општини. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.