4,5 милиони денари од општина Кисела Вода за споменикот на Тодор Александров

Општината Кисела Вода од својот буџет одвои 4,5 милиони денари за 5-метарската скулптура на Тодор Александров, која денес беше поставена кај местото  „Чешма“ меѓу улиците „Првомајска“ и „Иван Козаров“. Скулптурата наречена „Македонски војвода на коњ” е со висина од 5 метри, постаментот е со висина од 3,5 метри, а согласно проектот на постаментот ќе се постават четири релјефи од бронза со вкупна површина од 8,4 квадратни метри. Во следниот период општината Кисела Вода партерно и хортикултурно ќе го уреди околниот простор.

Постаментот го градеше фирмата „Нела Ар” од Скопје, што општината ја чинеше 3.281.000 денари. Скулптурата се лееше во српската леарница „Јеремиќ”, која во рок од шест месеци ја излеа и ја испорача во општината. Министерството за култура која го реализира проектот за скулптурата наменски има издвоено 21 милион денари, во што е вклучен и хонорарот на авторот на скулптурата, Миле Брцески.

Извор: МТВ, 26.06. 2012

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.