Oпштина Струмица го зголеми буџетот за 2012 година

Советот на општината Струмица едногласно одлучи да го зголеми буџетот за тековната година со ребаланс од 2,4 милиони евра. Со тоа, Струмица е единствена општина во државата која врши позитивен ребаланс по првите шест месеци од годината, за разлика од сите буџетски установи и институции во државата кои поради кризата ги скратија буџетите.

Зголемувањето на буџетот на општината е за над 32 отсто. Најголем прилив на средства во буџетот има од продажбата на градежно неизградено земјиште и продажба на плацеви за индивидуално и колективно домовување.

Од него околу еден милион евра ќе се искористат за изградба на секундарната гасоводна мрежа во градот. Поради тоа, општината го повлекува барањето од министерството за финансии за издавање на општински обврзници за доградба на гасоводната мрежа.

Инаку, буџетот на Струмица досега тежеше 459 милиони денари, а со денешниот ребаланс тој ќе изнесува 607 милиони денари.

Извор: Телма, 06.07.2012

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.