Општина Гази Баба финансира градежни активности во Хиподром и Автокоманда

Општина Гази Баба од својот буџет издвои средства во висина од 2.300.000,00 денари за изградба на паркинг и тротоар со павер елементи во населбата Хиподром на улица „Париска Комуна“ во површина од 1200 м2.
Изведувач на работите е фирмата АДРА.
Истовремено, на улицата „Ташко Караџа“ во Автокоманда, во тек е изградба на мултифункционално игралиште со терен за баскет и детско забавно катче со реквизити и изградба на паркинг простор, со што се уредува површина од 350 м2.
Градежните активности ги изведуваат фирмите Чингар и Инком, а општината за оваа намена од Буџетот издвои средства во висина од 1.000.000,00 денари.

Извор: www.gazibaba.gov.mk

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.