Градоначалникот на Општина Гостивар, Руфи Османи, по повод Фитер Бајрам, пушти во употреба две улици

Стотици граѓани учествуваа на свеченото пуштање во употреба на изградените и реконструирани улици во последно време во градот Гостивар, капитални проекти реализирани со средства од општинскиот буџет.
Улиците изградени пред месец Рамазан, а кои што чинеа 210 илјади евра, со симболично сечење на лентата го пушти во употреба градоначалникот на Гостивар Руфи Османи во придружба на негови соработници и локални жители.
“Ова се две сериозни капитални инвестиции реализирани пред извесно време, но се собравме тука денес да ги пуштиме во употреба во пресрет на Фитер Бајрам”, истакна Османи.
Станува збор  за комплекс улици покрај Вардар и големиот градски пазар, како и комплекс улици во Седма зона. Градоначалникот Османи им вети на присутните граѓани дека во нивните населби наскоро ќе продолжат инвестициите, односно дека ќе се изгради продолжението на шеталиштето кај кејот на реката Вардар, и ќе се изградат нови улици во Седма зона.
“Со голем успех ја реализираме инвестициската програма на Општината за 2012 година и оптимист сум дека ќе се остварат 90 отсто од инвестициските буџетски проекции за годинава“, подвлече градоначалникот на Гостивар.
Месните жители кои учествуваа на овие пригодни свечености, изразија благодарност за залагањата на градоначалникот Османи во правец на создавање подобри услови за живеење на граѓаните.
На свеченостите присуствуваа и претседателот на советот Фадил Зендели и секретарот на општината Наџи Џелили.

Извор: gostivari.gov.mk

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.