Рекламни кампањи со парите на граѓаните

Наместо да ги решаваат проблемите во општините, градоначалниците ќе се фалат за сработеното и тоа со парите на граѓаните. На девет месеци пред одржувањето на локалните избори некои од нив решија порано да ја започнат предизборната кампања со нова практика, рекламирајќи го со парите на граѓаните она за што и онака примале плата целиот мандат.
Гордана Силјановска, универзитетски професор.

Рекламирањето на градоначалниците за она што го сработиле и за што го добиле мандатот не само што не е потребно, туку и не е дозволено, бидејќи за тоа ќе ги користат парите на граѓаните.
За работата што ја сработил или не ја сработил, градоначалникот земал плата, значи пари од граѓаните, од даночните обврзници. Тука мислам дека рекламирањето од буџетските пари на општините е рамно на криминал.
Ариф Муса, поранешен антикорупционер.

*Извор „Радио слободна Европа“ www.radioslobodnaevropa.mk

Општина Аеродром ќе потроши 20.000 евра за визит карти на вработените?

Oпштина Аеродром, предводена од градоначалникот Ивица Коневски донесе со помош на советниците од ВМРО-ДПМНЕ одлука од буџетот на општината во следната година да потроши 1.270.000 денари за визит-карти, календарчиња и друг репрезентативен материјал.

*Извор „Плусинфо“ www.plusinfo.mk

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.