Се асфалтира патот од Струмица до Попчево

Денеска почна да се асфалтира патот од Струмица до населеното место Попчево во должина од 6,5 километри или со вкупна површина од околу 25 илјади метри квадратни.
Патот е широк 6 метри во урбаниот и 3,5 метри надвор од урбаниот дел, а реконструкцијата е извршена по старата траса од улицата „Бетовенова“ низ местото „Чам Чифлик“ во близина на манастирот „Свети Илија“ и завршува до селото Попчево.
Реализатор на проектот е општина Струмица, а вкупната инвестиција изнесува 39 милиони денари.

Извор: www.sky.mk

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.