Се асфалтираат улици во населба „Тапани“ во Општина Прилеп

При крај се градежни активности на улиците „Максим Горки“, „Динара“, „Тетовска“, и „Цане Коњарец“ кои се наоѓаат во Урбаната заедница „Тапани“.

Улиците се со должина од 1.900 метри, а средствата за реализација на овој инфраструктурен зафат се во висина од 8.500.000 денари.

Со реализацијата на асфалтирање на пристапните улици значително ќе се подобри достапноста на овој простор за сите жители во населбата „Тапани“.

Извор: www.prilep.gov.mk

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.