Уште 115.000 на веќе потрошените 34,5 милиони евра

115.000 евра е дополнителна сума на веќе потрошените  2,3 милиони евра народни пари, која Владата ќе ја обезбеди само за барокниот ентериер на зградата на Уставниот суд, Државен архив и Археолошкиот музеј. За целиот објект се потрошени 34,5 милиони евра народни пари. Проектот е во рамките на „Скопје 2014“.
Постапката е спроведена без објавување на оглас, што се оправдува со склучување на анекс договор со фирмата „Гранит“ која побарала дополнителни средства за завршување на започнатата работа.

Извор „Ден“

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.