Усвоен ребалансот на буџетот на Општина Кавадарци

Советот на општина Кавадарци во рамки на 54. седница го усвои ребалансот на буџетот на општината и Извештајот за буџетското извршување во вториот квартал.

Раководителот на Секторот за финансии, Цанка Јовановска рече дека кварталниот извештај ги условува измените на буџетот т.е. ребалансот.
Во образложението Јовановска нагласи дека буџетот на општина Кавадарци за 2012 е димензиониран на 690.242.330 денари. Остварувањето на вкупните приходи по сите основи за периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава е во износ од 263.548.013 денари во однос на планираното или изразено во проценти 38,18 отсто.
Редовните буџетски приходи се остварени 24,58 отсто, приходите од наменски дотации 51,7 отсто, приходите од самофинансирачки активности се реализирани 51,72 отсто, а приходите од донации 53,50 отсто.

Во однос на ребалансот на буџетот, Јовановска истакна дека во основниот општински буџет приходите се намалуваат за 14.381.737 денари.

– Со ребалансот се опфатени позиции како во приходниот така и во расходниот дел на буџетот,кои согласно досегашниот износ на реализација е очекувано да бидат остварени во поголем, односно помал износ од планираниот, додека на дел од позициите се врши пренамена од една во друга ставка, нагласи Јовановска.

Извор: Миа, 18.07.2012

 

Be Sociable, Share!
    This entry was posted in Актуелности. Bookmark the permalink.

    Comments are closed.